(ВИДЕО) Актерот Горан Стојаноски со видео порака се обрати до амбасадорката Агелер

0
360

Актерот Горан Стојановски, најпознат по ликот на инспектор Томе од серијата „Преспав“, преку урнебесно видео и се обрати до абасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер која најави специјален американски тим да се бори против корупцијата во нашата земја.

„Прво, да го пратите вашиот тим кај мене на обука. Тој што доаѓа од Америка, од каде знае што е корупција? Во Америка таа е искоренета. Ќе му се случува пред очи, не ќе може да ја препознае“, вели Стојановски во видео-пораката.

 

fokus.mk