Ретро фотка од снимањето на “Мирно лето”. Дедо ми 5-ре, мајка ми Анче и прославениот филмски сценограф Никица Лазаревски…
@mitekum , ти благодарам за ова…, напиша на својот ФБ профил Игор Џамбазов.
Инаку „Мирно лето“ — македонски филм од 1961 година, во режија на Димитрие Османли, а по сценариото на Фрида Филиповиќ. Улогите ги толкуваат: Љупка Џундева, Слободан Перовиќ, Дарко Дамески, Илија Милчин, Мери Бошкова, Петре Прличко и Стојка Цекова. Снимен со 35. милиметарска камера и во црно-бела техника, филмот трае 99 минути. Филмот е познат како првата македонска филмска комедија.[1]
извор: ФБ Игор Џамбазов