Зибери: Имаме претставки и за работата на носителите на јавни функции, нема да кријам, дека со одредени ресори соработката оди тешко

Народниот правобранител Насер Зибери вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека имаат поднесено претставки кон министри и носители на јавни функции, министерства…

-Имаме претставки и за работата на носителите на јавни функции, нема да кријам, дека со одредени ресори соработката оди тешко. Се разбира не за сите области и за сите проблеми, но за одредени прашања да, вели Зибери.

ИЗВОР: ТВ21