Медицинската сестра се огласи од притвор, напиша статус во кој се извинува

0
390

Медицинската сестра Аурона Пелај од Косово која вчера тепаше стара жена во дом за стари лица беше приведена од полицијата, по што објави статус на Фејсбук.

„Здраво, јас се викам Аурона Пелај, полицијат ми дозволи да го напишам ова писмо и јавно да се извинам за грозниот потег што го направив вчера. Сите прават грешки. Му се извинувам на семјството и на сите Албанци“, напиша Пелај.

Старата жена беше малтретирана од Пелај и уште неколку медицински сестри и видеото беше објавено на социјалните мрежи.

 

 

 

kurir.mk