Земјотрес со јачина од 4,9 степени го погоди Измир

0
247

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Буџа, во турската област Измир, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерот за внатрешни работи на Туркије, Сулејман Сојлу, изјави дека 31 лице се јавило во болница поради паника предизвикана од земјотресот што го погоди подрачјето во 3:20 часот по локално време.

Како што истакна Сојлу, три повредени лица се на лекување, а едно лице е во тешка состојба. Тој потврди дека нема загинати.

Орхан Татар, генералниот директор на Агенцијата за ублажување на последици, рече дека може да дојде до последователни потреси до четири степени и дека во таа смисла граѓаните треба да бидат внимателни.

Како последица на земјотресот се урна минарето на џамијата Селахатин Оглу.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).