Драма над Корејскиот Полуостров: И Северна и Јужна Кореја наредија итно полетување на вкупно 260 воени авиони

Јужнокорејските власти забележале дека Северна Кореја денеска активирала 180 воени авиони, по што е наредено итно полетување на 80 јужнокорејски воени авиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Повикувајќи се на извор во Генералштабот на Армијата на Јужна Кореја, новинската агенција „Јонхап“ јавува дека радарите регистрирале дека во периодот од 11 до 15 часот по локално време 180 воени авиони полетале од различни делови на соседна Северна Кореја.

Истиот извор јавува дека Јужна Кореја одговорила со итно ангажирање и полетување на 80 воени авиони.

Новата ескалација на тензиите на Корејскиот Полуостров изби вчера откако Северна Кореја изврши шест тестни лансирања на балистички ракети.

Властите на Северна Кореја соопштија дека тестирањето на ракетите е изведено како одговор на заедничката воена вежба која војските на Соединетите Американски Држави (САД) и на Јужна Кореја ги изведуваат со учество на 240 воени авиони.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).