(ФОТО) Интензивни снежни врнежи во Швајцарија, УХМР за Македонија најавува голема промена на времето од викендов

0
316

Интензивни снежни врнежи во Швајцарија

Инаку од УХМР и за земјава најавуваат голема промена на времето. За време на викендот ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд.

Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни, над 35 литри на метар квадратен, особено утре во ноќните часови и во недела претпладне. Утре ќе дува засилен, повремено силен ветер, над 65 километри на час од југоисточен правец.

В недела ќе има значително намалување на дневните температури. Од понеделник времето ќе биде стабилно со утринска магла по одделни котлини.

извор: УХМР