Пецаков: Продолжуваат активностите за санација на потпорни ѕидови во Стариот дел на градот

0
131
Продолжуваме со активностите за санација на потпорни ѕидови во Стариот дел на градот. Деновиве се врши санација на целосно руниран ѕид кој се наоѓа на пресекот на улиците „Коста Абраш“ и „Самоилова“.
Со овие актвности не само што Стариот дел на градот добива убав лик, туку се зголемува и безбедноста на жителите.
Градежните активности ги врши „Бокоп“ во рамки на договорот за санација на потпорни ѕидови на територија на Општина Охрид, информира во својата објава на Фб градоначалникот Кирил Пецаков.