Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа 99-та седница. Владата го усвои текстот на барањето до Меѓународниот монетарен фонд, за обезбедување Кредитна линија за претпазливост и ликвидност. Кредитната линија за претпазливост и ликвидност е во износ од 530 милиони евра. Средствата од Кредитната линија се наменети за поддршка на Буџетот на Република Северна Македонија.
извор: Влада