Вчера во шумскиот појас во атарот на кичевското село Цветорача, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Б.В.(24) од Кичево.
Тој бил затекнат од патрола на Шумската полиција и шумочуварската служба при нелегален транспорт на огревно дабово дрво што го вршел со џип. Притоа, во обид да бега, Б.В. со автомобилот удрил во службеното возило на Шумската полиција, а потоа нападнал службеник на Шумската полиција.
Против него, по целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
извор: МВР