Паника се шири низ Европа – Кинеска ракета тешка 23 тони викендов ќе падне на Земјата, не се знае каде!

Неколку шпански аеродроми го затворија својот воздушен простор по информациите дека кинеска ракета ќе се врати на земјата неконтролирано, а никој се уште не знае каде ќе би можело да удри телото на ракетата.

https://twitter.com/TritonFett/status/1588460803912765440?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1588460803912765440%7Ctwgr%5E5186c7fa5a6c5690247e421be2ae2ef8e5ac6a7e%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ffaktor.mk%2Fraketa-od-23-toni-kje-padne-na-zemjata-zemjite-gi-zatvoraat-aerodromite-panika-se-shiri-niz-evropa

Во понеделникот Кина го лансираше третиот и последен дел од својата нова вселенска станица „Тиангонг“, а потоа беше издадено предупредување дека телото на ракетата тешка 23 тони ќе се врати на Земјата, пишува The New York Times. Шпанија е идентификувана како една од земјите на која може да биде крајната дестинација на леталото. Поради тоа, неколку шпански аеродроми го затворија својот воздушен простор.

Тоа се аеродромите во Барселона, Тарагона, Ибица и Реус. Според извештаите на шпанските медиуми, погодени се и други региони, вклучувајќи ги Ла Риоха, Кастиља и Леон. Мерката се очекува да трае околу 40 минути, иако локалните извештаи сугерираат дека места како Ибица може да бидат затворени и до три часа.

Портпаролот на каталонската агенција за цивилна заштита потврди дека поради ризикот поврзан со преминувањето на вселенскиот објект CZ-5B преку шпанскиот воздушен простор, летовите ќе бидат целосно ограничени од 9.38 до 10.18 часот во Каталонија и други области.

Веќе се информирани аеродромите и другите организации“, рече тој.

Шпанските контролори на летовите наведуваат дека Еуроконтрол ги информирал за неконтролирано повторно влегување на кинеска ракета во земјината атмосфера.

извор: faktor.mk

ФОТО: Twitter