Кинеската ракета веќе падна на Земјата – наместо во Шпанија, како што предвидуваше САД, падна во Тихиот Океан

Остатоците од кинеската ракета Long March 5B, која неконтролирано падна на Земјата и принуди неколку аеродроми да го затворат воздушниот простор и да ги прекинат летовите, паднаа во Тихиот Океан, соопшти Вселенската команда на Армијата на САД.

Нешто по 11 часот се појавија првите информации дека кинеската ракета е забележана како влегува во атмосферата, над Мелбурн, Австралија, што било во согласност со предвидената орбита за влез.

Отприлика во тоа време, тој влезе над атмосферата на Јужниот Пацифик, според Вселенската команда на американската армија.

Да потсетиме, се работи за ракета која беше лансирана на 31 октомври и го носеше третиот модул на кинеската вселенска станица.

Откако го испорача модулот до станицата, ракетата го започна своето неконтролирано повторно влегување во атмосферата на Земјата.

фото:

Informer