Домот за згрижување стари лица „Оренда“, во Пеќ, Косово се затвора, по објавевните снимки на кои се гледа како медицинска сестра тепа постара жена која живеела во домот повеќе од една година.
Донесена е одлука за одземање на лиценцата на овој дом. Информацијата за затворање на домот доаѓа од Министерството за финансии на Косово, а ја објавија повеќе медиуми.
„По објавувањето на снимката од физичкиот напад врз повозрасната жена во „Оренда“ во Пеќ, посебна единица веднаш извршила увид на местото на настанот, како и разговор со вработените во центарот и со сведоците на случајот. Согласно собраните докази и искази донесена е одлука домот „Оренда“ до 7 ноември да престане да ја врши дејноста.Истите се должни за ваквата одлука во рок од 24 часа да ги известат членовите на семејството на старите лица кои живеат таму“, се наведува во соопштението.
фото: Архива