(ВИДЕО) Пожар во влезот и дел од приземјето на зградата на поранешен „Технометал“ – пожарот изгаснат, причините ќе се утврдуваат

Влезот и дел од приземјето на зградата на поранешен „Технометал“ во центарот на Скопје, попладнево беше во пламен.

Соседите веднаш ја алармирале противпожарната Бригада на Град Скопје која интервенирала со едно возило и пет пожарникари и набрзо го ставила пожарот под контрола, без опасност од негово проширување на околните згради.

Според првичните информации, во напуштениот објект горел градежен материјал, а надлежните дополнително ќе ги утврдуваат причините за пожарот.

видео: ФБ Соња Трајковска