(ВИДЕО) Сефот им падна, па се враќаа да го земат – погледнете ја кражбата од скопско

ТВ21 објавува ексклузивно видео од кражбата на сеф од маркет во скопската населба Црниче. Веќе објавивме вчера за овој инцидент.

На снимката може да се забележи возило и лица кои се обидувата да го одземат сефот од маркетот. И тоа не е се. Додека е вклучен алармот, тие успеваат да го стават во багажник, тргнуваат, но по пат поради инерција, сефот паѓа на патот во Црниче, па тие се враќаат повторно да го подгинат.

Од МВР вчера рекоа: На 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, ни одговорија од МВР.

Маркетот e ограбен откако автомобил влетал во влезната врата, алармот се вклучил, а разбојниците го земале сефот.

Во моментов нема информации дали има приведени или осомничени лица.