(ВИДЕО) Потресно сведоштво на човекот што преживеа напад од мечка: Сакав да ѝ дадам отпор ама не можев…

0
140

Излегов да берам дренки и кога по пат седнав да се одморам од нигде никаде пред мене излезе мечката, сведочи 76-годишниот Минче Рамчески од селото Пласница, кај Македонски Брод кој бил нападнат од мечка. Раскажува дека откако го легнала на земја, мечката со заби го фатила за левата слабина, го држела кратко, а потоа избегала. Така, вели Минче, останал здрвен некое време, по што се освестил.

„Полека со стапчето појдов и стигнав до Горно село, тоа старо село е. Тука барав дренки, најдов по некоја и седнав на патот. Го оставив стапчето и запалив цигара. Така си седев кога одеднаш, не знам како се најде тука, одеднаш пред мене се појави мечката. Ме турна, ме легна долу и јас само се фатив вака, се пазев. Сакав да ѝ дадам отпор ама не можев, што да правам. Се исплашив многу“, вели 76-годишникот што вчера беше нападнат од мечка.
Во разговор со директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, Рамчески вели дека гледтката била страшна. Нападот се случил рано утрината околку 8:30 часот кога излегол од дома и тргнал да бере дренки.

видео: Центар за управување со кризи