Владата ја донесе Уредбата за распределба на приходите од ДДВ за општините

0
335

Владата на Република Северна Македонија на денешната 55-та седница ја донесе Уредбата за методологијата за распределба на приходите од данокот на додадена вредност по општини за 2023 година.

Согласно уредбата, Министерството за финансии подготвува пресметки на распределба на приходите од данокот на додадена вредност наменети за општините, при што средствата од дотацијата се распределува на фиксен дел во износ од 3 милиони за сите општини и Градот Скопје и променлив дел кој се распределува според математичка формула во зависност од бројот на жителите во општината, површината на општината, бројот на населени места во општината.

Со уредбата за распределба на приходите од данокот на додадена вредност по општини за 2023 година се остварува континуитет во придобивките од фискалната децентрализација за дополнителна финансиска самостојност и ефикасност на локалните самоуправи за да бидат поблиску до граѓаните и за повисок степен на економски развој на локалните заедници.

извор: Влада

фото: Влада