(ВИДЕО) Цената на лебот, новинарот на Алсат го демантира Ковачевски

Последните изјави на премиерот Димитар Ковачевски за поевтинувањето на лебот денеска ги демантираше новинарот на ТВ АЛСАТ, Мефаил Исмаили, кој на премиерот Ковачевски му подари леб заедно со фискалната сметка на која се гледа дека лебот е купен по цена од 52 денари, на 10 минути пред почетокот на прес конференцијата. Од сметката се гледа дека нема ништо од најавеното поевтинување од 10% на некои основни прехранбени артикли.

извор: АЛСАТ