Танзанија: Бројот на загинати во авионската несреќа се искачи на 19

Бројот на загинати се искачи на 19, објави премиерот Касим Мајалива.

Авионот полетал од главниот град Дар ес Салам и се урнал во езерото Викторија поради силно невреме.

Во летот имало вкупно 43 лица, од кои 39 патници и четворица членови на екипажот, според информациите на Алберт Чаламила, комесар на провинцијата Кагера.

„Се обидуваме да го извадиме авионот од водата. Проверуваме дали тркалата удриле во земјата под вода и се обидуваме да откриеме некој друг начин како да го истуркаме од езерото. Сè уште има комуникација од пилотската кабина. Пилотите сè уште се во контакт со нас“, рече Чаламила.

Претседателката на Танзанија, Самиа Сулуху Хасан, на социјалните мрежи повика на смиреност додека спасувачите работеле на местото на урнатиот авион.

„Со тага ја примив информацијата за падот на летот на „Precision Air“ на езерото Викторија, во регионот Кагера. Изразувам сочувство до сите погодени од овој инцидент. Да продолжиме да бидеме мирни додека трае спасувачката операција и молете се на Бога да ни помогне“, напиша претседателот на Твитер.

„Precision Air“ е најголемата авиокомпанија во Танзанија во приватна сопственост.

фото: Архива