На барање на МПЦ, нема да се тргаат металните огради околу црквата „Св. Константин и Елена“ во центарот на Скопје

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска оствари средба со поглаварот на МПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан со кој разговараше за моменталната состојба со црквата „Свети Константин и Елена“, која се наоѓа на улица „Македонија“ и која се уште е во градба.

Општина Центар на барање на МПЦ, нема да ги отстрани тарабите и истите ќе останат се до завршување на финалните работи на објектот, кои наскоро ќе бидат готови. Одлуката кругот на црквата да остане ограден е пред сѐ поради безбедносни причини со оглед на фактот дека над камбанаријата сѐ уште се извишува кран.

Општина Центар ќе ги извести граѓаните и јавноста за сите следни чекори кои во иднина ќе предат преземени во однос на ова прашање.