ВРЕМЕПЛОВ- Настани на денешен ден, 7 ноември

0
139

680 Започнал Шестиот вселенски собор во Цариград. Главна одлука на соборот, кој траел до 16 септември 681. година, била дека Исус има двојна природа — човечка и божја, и со тоа биле побиени и прогласени за ерес тврдењата на монотелитите дека има само божја природа.

1665 Започнал да излегува најстариот преживеан весник, „Лондон Газет“.

1917 (23 октомври по стариот календар) Во Петроград избувна социјалистичката револуција во Русија, подоцна наречена Октомвриска револуција.

1944 НОВ: Ослободен е Охрид

1995 Во хотелот „Мармора“ во Истанбул беше потпишан договор за формирање мешовит македонско-турски деловен совет. Советот е формиран со цел да ги разрешува сите пречки во трговската соработка меѓу Република Македонија и Република Турција.

2004 Во Република Македонија се одржа неуспешен референдум за отфрлање на предложената територијална организација на државата.

 

 

Од Википедија — слободната енциклопедија