ВМРО ДПМНЕ: Македонија со највисока инфлација споредено со земјите од поранешна СФРЈ

Македонија со највисока инфлација споредено со земјите од поранешна СФРЈ.

Инфлацијата ви Македонија е 19.8%, и со тоа највисока во регионот на поранешна СФРЈ, Словенија има речиси двојно помала инфлација од Македонија, т.е. само 10%.

Инфлацијата кај храната и пијалоците е 32.4% во Македонија, а 17.2% во Словенија.

Статистиката покажува дека во Словенија со двојно повисоки плати, и многу посилен животен стандард, растот на цените е помал отколку во Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Во Македонија народот ја чувствува најголемата инфлација во регионот.

Иста е споредбата и со Србија каде  инфлацијата е 14% и Хрватска со инфлација од 12.8%.

Ова покажува дека пред се големата инфлација во Македонија е резултат на неспособноста на владата да се справи со шоковите, но и неработата во изминативе 5 години.

Ударот доаѓа во секторот енергенси, воглавно цената на струјата и храна и пијалоци. Тоа се сектори во кои со квалитетен менаџмент би се спречила големата инфлација.

Тоа што инфлацијата е најголема во Македонија е доказ за неработата на власта. И наместо со полумерки, ја повикуваме Владата да ги имплементира сите мерки кои ги предложивме, се со цел подобрување на состојбата во економијата и помош за граѓаните.

извор: ВМРО ДПМНЕ