Старлетата Сораја заврши во болница во Хрватска со скршени ребра и тешки повреди

Сораја Вучелиќ се бори за живот откако доживеала страшна сообраќајна несреќа на границата со Албанија и е во тешка состојба.

Вучелиќ има скршеници на ребрата и внатрешно крварење.

Поради ова таа вчера од Албанија била префрлена во Хрватска на итна операција.

– Лекарите од саботата се борат за животот на Сораја. Веднаш по несреќата била префрлена во приватна клиника во Албанија каде и била оперирана. Сепак, вчера состојбата и се влошила и почнала внатрешно да крвари. Семејството и пријателите решиле да ја префрлат во Хрватска на нова операција .

Од силината на ударот Сораја за малку ќе прелетала низ возачкото седиште. Таа со градите удрила во воланот при што и ги скршила ребрата и ги повредила внатрешните органи.

извор: Република

фото: kurir.rs