„Кралицата на џепчиите“ Сабахета Џиндо од Сараево е осудена на задолжително психијатриско лекување, пишува Klix.ba.
Инаку, Џиндо беше уапсена за кражби во речиси сите градови во Босна и Херцеговина, но и во соседните земји. Таа во септември 2015 година беше на црвената листа на потраги на Интерпол.
Последен пат таа беше уапсена во Бања Лука, во јуни годинава, по три потерници издадени од СВР Бања Лука, Полициската управа Добој и СВР Зворник.
Според пресудата на Основниот суд во Бјелина, Џиндо ограбила две лица во трговски центри во Бјелина и им ги украла парите и банкарските картички.
Најпрво на 18 јули од чантата на Ј.Н. украла паричник со пари, документи и банкарска картичка. Во паричникот имало 170 марки, а Џиндо од картичката „симнала“ уште 500 марки.
Еден месец подоцна, на 21 август, Џиндо извадила, украла од торба на Т.Б. паричник во кој имало 1.050 марки и 70 евра.
На почетокот на ноември истиот суд ја осуди и Џиндо на психијатриско лекување, бидејќи украла 4.900 марки од муштерија во фризерски салон.
klix.ba