(ФОТО) Те сакам, повторно ќе бидеме заедно,напиша во објавата на Инстаграм Џон Траволта

Актерот Џон Траволта синоќа на Инстаграм се прости од познатата актерка и пејачка Оливија Њутн-Џон, која вчера почина во својот дом во Јужна Калифорнија, на 73-годишна возраст. Траволта со Оливија глумеше во култниот филм „Брилијантин“. Тие беа и останаа една од најпознатите филмски парови на сите времиња.

„Најдрага моја Оливија, ти ги направи сите наши животи многу подобри. Твоето влијание беше неверојатно. Те сакам многу. Ќе се видиме на пат и сите повторно ќе бидеме заедно. Твој од првиот момент кога те видов и засекогаш! Твојот Дени, твојот Џон!“, напиша Џон Траволта покрај фотографијата на Оливија.