Одбележана годишнината од атомскиот напад во Хагасаки

epa09406890 People observe a moment of silence during a ceremony at Peace Park in Nagasaki, southern Japan, 09 August 2021. Nagasaki marks the 76th anniversary of the atomic bombing on 09 August 1945, as related events are either canceled or scaled down this year to avoid the spreading of the coronavirus and COVID-19 disease pandemic. EPA-EFE/JIJI PRESS JAPAN OUT EDITORIAL USE ONLY/ NO ARCHIVES

Во Нагасаки денеска се одржа церемонија во чест на жртвите од американскиот нуклеарен напад врз јапонскиот град на 9 август 1945 година, во кој загинаа 74.000 луѓе.

Во својот говор во Паркот на мирот, градоначалникот на Нагасаки, Томихиса Тауе, рече дека нуклеарното оружје може да се користи се додека постои и дека  уништувањето е единствениот начин да се спаси иднината на човештвото.

Тој додаде дека руската инвазија на Украина му покажа на светот дека уште еден нуклеарен напад не е само загриженост, туку „очигледна и непосредна криза”.

На 6 август 1945 година, САД ја фрлија првата атомска бомба во светот врз Хирошима, која го уништи градот и уби 140.000 луѓе.

Три дена подоцна втората атомска бомба беше фрлена врз Нагасаки.

 

24info.mk