Сообраќајна несреќа во која учествувале две товарни возила утрово целосно го блокира сообраќајот на патниот правец Струга – Дебар.
Во сообраќајката нема настрадани, причинета е само материјална штета.
Полицијата врши увид на лице место и се очекува наскоро да се ослободи движењето на возилата.