Десетици илјади потрошувачи останаа без електрична енергија откако мал авион во неделата удри во далновод во американската сојузна држава Мериленд, соопштија властите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Авионот останал да виси откако удрил во една од главните преносни далноводи во областа Гајтерсбург, објави на Твитер Пит Пирингер, главен портпарол на пожарникарната и спасувачка служба во округот Монтгомери.
Тој потврди дека оствариле контакт со трите лица во авионот и дека сите се добро.
Околу 88.000 потрошувачи останаа без струја, а од прекинот на струјата зафатена е и сообраќајната сигнализација и некои лифтови.
Затворени се и некои патишта во близина на несреќата.
извор: Агенција Анадолија (АА).
фото:Џелал Ѓунеш / АА Агенција Анадолија (АА).