Министерството за внатрешни работи информира дека на 26.11.2022 во 16.16 часот било пријавено дека на нива, атар на с.Моноспитово-струмичко, Ј.Ј.(63) додека извршувал земјоделски работи со трактор удрил во метална шипка од пластеник и притоа се здобил со повреди, по што починал на местото на настанот.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.
извор: МВР