More

    Петровска: Остро ја осудуваме воената агресија на Русија врз Украина и стоиме единствени со сојузниците во НАТО

    „Остро ја осудуваме воената агресија на Русија врз Украина и стоиме единствени со сојузниците во НАТО во повикот кон Русија да прекине со воените дејствија кои се закана за безбедноста на Европа“, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешното одбележување на крајот на заедничката обука на припадниците на ренџерскиот баталјон и баталјонот за специјални сили со морнаричките специјални сили на САД во касарната „Илинден“, објави ТВ 21.

    Амбасадорката на САД, Кејт Брнз која присуствуваше на церемонијата порача дека денешните настани покажаа зошто вештините кои заеднички ги развиваме се важни за Европа.

    „Оваа вежба, оваа мисија која беше изведена маестрално демонстрираше дека ние навистина сме посилни заедно и иако ние како НАТО сојузници продолжуваме со напорите да бараме дипломатски решенија за руската агресија и да изнајдеме конструктивни исходи, нема да правиме компромиси за основните принципи, кои го вклучуваат правото на секоја земја да го избере својот пат и нашата способност да ги заштитиме и браниме сите сојузници“, изјави амбасадорката Брнз.

    извор: ТВ 21.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    20.8 ° C
    20.8 °
    20.8 °
    73 %
    0kmh
    0 %
    Sat
    36 °
    Sun
    32 °
    Mon
    24 °
    Tue
    29 °
    Wed
    19 °
    spot_imgspot_img