Тетовската полиција информира дека кај нив е пријавен смртен случај кај лице на 53 години поради струен удар.
Човекот настрадал во својот дом додека поправал штекер.
-Вчера (7 ноември) во 18 часот во СВР Тетово пријавено е дека на Интерното одделение во тетовската Кличничка болница бил донесен починат 53 -годишниот А.М. , кој претходно доживеал струен удар додека поправал електричен штекер, во неговиот дом на улица „Велешка“ во Тетово, информираат од СВР Тетово.