Во Шпанија за прв пат изречена затворска казна за објавување лажни содржини на социјалните мрежи

0
140

Во Шпанија за прв пат е изречена затворска казна за објавување лажни содржини на социјалните мрежи, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Судот во Барселона на лице кое во 2019 година објавило лажна содржина на Твитер му изрече затворска казна од 15 месеци, парична казна од 1.620 евра и забрана за извршување спортски активности и забрана за вршење на професијата наставник во период од 5 години.

Лицето објавило видео во кое ги поврзува малолетните мигранти кои живеат без родител во Шпанија со насилни акти.

Видеото на лицето за кое станува збор, во кое како цел ги има мигрантите, всушност е во врска со случај што се случил во Кина.

На осомничениот Ј.М. му се затворени профилите на социјалните мрежи Твитер, Инстаграм и Фејсбук.

Ова лице нема да лежи во затвор бидејќи криминалното досие му е чисто, но ќе биде задолжено да учествува на курсеви на теми поврзани со еднаквоста.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).