Сестрата од Сораја со молитви да преживее

Старлетата Сораја Вучелиќ доживеа несреќа во петокот вечерта на границата со Албанија, а со неа во автомобилот биле и нејзината пријателка и сестра ѝ. По страшната несреќа во исповед за српскиот портал Република сестрата на Сораја изјави дека секој ден се моли таа да преживее и пали свеќи за нејзиното здравје.

Имено, сестрата на Сораја од Црна Гора, која не сака да се експонира во јавноста, за весникот и портал Република откри дека Вучелиќ се бори за живот бидејќи има внатрешно крварење во стомакот, кое и понатаму предизвикува компликации опасни по живот.

„Таа најлошо помина затоа што возеше, ние поминавме без поголеми повреди“, објаснува таа.

Во врска со страшниот судар, понатаму објаснува.

Не знам во каква состојба се луѓето кои беа во другите автомобили. Беше страшен судар, а сето тоа поради човек кој брзаше да не претекне. Се виде дека вози брзо, но од спротивната насока човекот пребрзо возеше. Тоа се моменти на невнимание, погрешно проценета брзина и толку. Ништо повеќе не можеше да се направи. Мислевме дека некој ќе закочи за да избегнеме, но немаше можност за тоа – вели сестрата на Сораја и додава дека старлетата сега е во приватна клиника во Хрватска, каде лекарите постојано ја следат нејзината состојба.

Во моментот на несреќата Сораја патувала за Албанија со својата пријателка и сестра на забава организирана од нејзин познаник. Планот бил да остане неколку дена, а потоа да се врати преку Хрватска, но наместо тоа, Сораја завршила во болница во Хрватска.

 

 

ubavinaizdravje.mk