Џафери за Абази: Ние сме мала држава, ќе биде некоректно да кажеме дека ние не го познаваме човекот којшто работел во Вишото обвинителство во Гостивар

Познанството со новоизбраниот шеф на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази со луѓе на ДУИ не треба да коментира, со оглед дека станува збор за претставници на различни власти, изјави претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери, кој е член на ДУИ.

Ние сме мала држава, ќе биде некоректно да кажеме дека ние не го познаваме човекот којшто работел во Вишото обвинителство во Гостивар. Но секој има право на избор, зарем утре некој не може да биде избран ако мене ме познавал, рече Џафери.

Прво и основно, јас сум претседател на Собранието и како пратеник и како Собрание ние сме посебна власт, тие се посебна власт. Ние сме мала држава. Ако одиме од тоа дали се познаваме или не, ќе биде некоректно да кажеме дека ние не го познаваме човекот којшто ни бил во Вишото обвинителство во Гостивар. Така што, во тој контекст не е спорно ние дали се знаеме или не, изјави Џафери за МИА.

 

извор: МИА