Три силни земјотреси денеска се регистрирани во јужниот дел на Фиџи, соопшти Американскиот геолошки институт. Интензитетот на првиот земјотрес бил 6,8 степени,на вториот седум, а третиот 6,6 степени според Рихтеровата скала Сеизмолошкиот институт на Фиџи соопшти дека нема опасност од цунами.
Епицентрите на сите три земјотреси биле на длабочина од 600 километри, јавува „Ројтерс“.
извор: „Ројтерс“.