Луна Џогани го изгуби бебето, со Марко се во голема тага

Поранешната задругарка и инфлуенсерка Луна Џогани го загуби своето бебе. Луна и Марко Миљковиќ ја објавија тажната вест на нивниот канал на Јутјуб. За ова дознале пред неколку дена и открија што се случило. Како што наведоа, според лекарот, се се случило поради вирус кој поминал низ Луна.

– За жал, го загубивме бебето, бидејќи плодот не успеа да се зацврсти во првите 12 недели. Не сакавме да зборуваме за тоа веднаш. Не сакаме премногу да разговараме за тоа. Вирусот поминал низ мене, тоа ни го кажа докторот. Плодот беше многу мал и чувствителен. Срцето на бебето престана да чука – изјави Луна Џогани.

Да потсетиме, Луна тврдеше дека почувствувала дека повторно е бремена, бидејќи според неа била помирна. Ниту таа, ниту Марко не ја криеја среќата на оваа вест, а на новото доаѓање се израдувала и нивната ќерка Миа.

 

 

vistina.mk