(ВИДЕО) Во Гана измерен највисокиот човек на светот, го нарекуваат џинот од Гана

Локалната болница во северна Гана информираше дека 29-годишниот Сулемани Абдул Самеду, за време на еден од неговите неодамнешни прегледи имал неверојатна висина од 2,89 метри. Кога повторно го измериле со помош на мерна лента  дошле до мерка од 2,235 метри.

Овој човек носи влечки на нозете, специјално направени за него – од автомобилски гуми кои му ги направил локален занаетчија, затоа што не можел да најде соодветни чевли.

Рекордот во висина моментално го држи 40-годишниот Султан Косен, кој живее во Турција, а е едвај за една нога повисок од Авуча.