Дванаесет полицајци и пожарникари денеска се повредени при експлозија во станбена зграда во градот Ратинген, западна Германија, соопшти полицијата.
Полицијата и противпожарната служба биле повикани од немоќно лице, а кога пристигнале на вратата од станот одекнала експлозија.
#Ratingen +++ Auf den Dächern der Nachbar-Gebäude haben Scharfschützen der Polizei Stellung bezogen. pic.twitter.com/bmGlVitpIz
— Andreas Wegener (@Andreas_Wegener) May 11, 2023
Некои пожарникари и полицајци се потешко повредени.
По експлозијата приведен е 60-годишен маж под сомнение дека намерно го активирал експлозивот.
Регионалното Министерство за внатрешни работи соопшти дека приведениот е теоретичар на заговор, кој го негира постоењето на коронавирусот.
Во станот на приведениот била пронајдена почината жена, чиј идентитет сè уште е непознат.
видео: TWITTER Andreas Wegener