Пендаровски ќе учествува на Парискиот мировен форум

Претседателот Стево Пендаровски денеска престојува во работна посета на Француската Република. Пендаровски, според соопштението од неговиот кабинет, ќе присуствува на свеченото отворање на 5. издание на Парискиот мировен форум, насловено „Излегување од мултикризата“, ќе се обрати на панел на кој ќе се дискутира за геополитичката криза, а ќе присуствува и на панелот „Универзализам предизвикан од војната во Украина“, на кој ќе говори францускиот претседател Емануел Макрон.

 

 

Радио Слободна Европа