Од март месец 2023г двојазични униформи, на македонски и албански јазик

Најдоцна до март следната година униформите на полицајците ќе бидат двојазични – на македонски и на албански јазик, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М

– Се спроведуваат сите процедури од март 2023 година полициските униформи да бидат на два јазика. Оваа регулатива стапи во сила осмиот ден откако беше донесена и ќе почне да се применува најдоцна една година од влегувањето во сила, поточно најдоцна на 26 март 2023 година – објасни Спасовски.

Запрашан за застапеноста на Албанците во специјалната полициска антитерористичка единица „Тигар“, одговори дека во таа единица не е важна етничката припадност, туку дека кандидатите мора да ги исполнуваат условите што ги предвидува оваа елитна единица.

Тој посочи и пример за еден кандидат Албанец, кој ги поминал сите тестови за да стане дел од единицата „Тигар“, но се паднало во вода поради тоа што не знаел да плива.

– Од сите кандидати што се појавија, само еден беше Албанец. Тој ги почна тестовите и стигна до прелиминарните проверки, но бидејќи не знаеше да плива, не можеше да продолжи. Тука нема импровизации и никако не можете да направите некакви отстапки“, рече Спасовски.

 

 

vesnik.com