Според нумерологијата, денешниот 11.11 е најмоќен ден во годината

0
140

Според нумерологијата, денешниот датум – 11.11. е најмоќниот ден во годината

Така вели нумерологијата, која го опишува бројот 11 како исклучително моќен број, или комбинацијата на броевите 11 и 11 како неверојатно моќна комбинација на духовно будење и моќни почетоци (11 сам по себе е број на почетоци, интуиција, пресврти).

Денеска, комбинираното дејство на „11 и 11“, ни носи силна енергија да разбудиме нов потенцијал во себе, нова сила да го свртиме нашиот живот или да достигнеме значајни сознанија (гореспоменатото духовно будење) што може да ни го промени животниот пат.

И она што е исклучително важно, промените што можеме да ги иницираме најчесто се позитивни. Пресвртите што може да следат не ги надминуваат нашите можности, туку само ни даваат шанса да излеземе од нашата рутина и да се осмелиме да сакаме и да добиеме нешто повеќе.

Како што вели нумерологијата, универзумот на 11.11. ни испраќа порака да обрнеме внимание на она што ни го кажуваат срцето и душата.

Се верува дека денот е поволен за остварување на желбите, односно нивно јасно дефинирање. Поминете неколку минути (11) во медитација за да ги пронајдете причините зошто навистина го сакате она што го сакате. Тоа е моќен начин да се обезбеди остварување на соништата.

Денеска големи се шансите да се сретнете со вашата „сродна душа“, ова е ден на средба со љубовници кои совршено се разбираат, а цел ноември е месец на љубовта.

И не само што денот ќе биде посебен, се надеваме дека ќе го почувствувате ефектот од оваа симболика.

На овој специјален ден 11.11. родени се Леонардо ди Каприо и Деми Мур. Се вели дека луѓето родени на овој ден имаат иста енергија како и нивните магични броеви на раѓање.

 

blic.rs