Млад македонец загина во сообраќајка во Малта, се собираат средства за транспорт на телото

Младиот Македонец Мартин Костов вчера загина во тешката сообраќајна несреќа која се случи во Слиема на Малта.

Поради финансиски потешкотии на неговото семејство Ве замолуваме кој колку може да донира на сметка на неговиот брат Иван Костов со цел побрзо собирање на средствата за транспорт на телото од Малта во Македонија. Да покажеме солидарност и хуманост во овие тешки мигови, се вели во апелот објавен од Македонската заедница во Малта.

извор: Република