Силвестер Сталоне откри во каква здравствена состојба е неговиот колега и пријател Брус Вилис.
“Брус се влошува бидејќи минува низ навистина тешко време. Тој речиси воопшто не комуницира. Тој факт ме убива. Многу е тажно”, рекол Сталоне.
На почетокот на оваа година беше објавено дека Брус боледува од афазија, поради што се откажал од глумата. Афазијата влијае на способноста за слушање и зборување.
Најчеста причина за афазија е мозочниот удар, но може да се појави и по повреда на главата, удар и сл. Сè уште не е објавено што точно се случило со Брус.
По дијагнозата тој речиси целосно се повлече од јавноста. Само понекогаш папараците го снимаат како шета и оди на шопинг со сопругата.
vesnik.com