Вкупно 36 китови се насукаа на песочната плажа Farewell Spit во Нов Зеланд, а некои за жал починаа.
До насукувањето дошло на врвот на Јужниот Остров, а надлежната служба излегла на терен по дојава. Спасувачките екипи се обидуваат да им помогнат на китовите кои се насукале во должина од неколку километри.
Насукувањето на китови и делфини е вообичаено кај Јужниот Остров, а во последниот месец на 60 китови им била потребна помош, додека 28 умреле.
Пред неколку години, на Farewell Spit угинаа дури 300 китови.