ЈК продолжува да доминира на модната недела во Париз, светот лудува по неа

По спектакуларната ревија на „Vetements“, најголемата регионална ѕвезда, Јелена Карлеуш, продефилираше на модната писта за познатиот бренд „Windowsen“, на модната недела во Париз.

Јелена е синоним за интригантен и смел стил, а оваа соработка предизвика бура од емоции и коментари кај модните блогерки, познатите личности и љубителите на модата.

Карлеуша уште еднаш го потврди статусот на најголема регионална ѕвезда која исто така блеска во „градот на светлината“.

Инаку, брендот „Windowsen“ е омилен меѓу многу светски ѕвезди кои ги носат неговите парчиња, а тоа се Ријана, Пабло Витар, Меган Ти Сталион, Вини Харлоу, Тамта и многу други.

 

 

telegraf.rs