Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, приведен дилер

0
59
На 02.03.2024 околу 01.45 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Б.Ѓ.(34) од Гостивар. При претрес во неговиот угостителски објект и во помошни простории од објектот во Гостивар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, дигитална вага и повеќе предмети со остатоци од кокаин.
Б.Ѓ. е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
МВР