На 01.05.2023 во 14.37 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на ул.„Јордан Хаџи Константинов Џинот“ починал С.С.(33) од Скопје, информира МВР.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
извор: МВР