Почина Ентони Џонсон на 38 годишна возраст

Голем шок го потресе светот на борбените спортови во неделата вечерта, откако беше објавено дека починал поранешниот борец на УФЦ, Ентони Џонсон (38).

Џонсон беше поранешен кандидат број еден во полутешката категорија на УФЦ и се бореше со Даниел Кормиер за појасот. Тоа беше во април 2017 година, но тој загуби.

Интересно, тој имаше уште една борба против Кормиер во мај 2015 година, кога исто така загуби од еден од најголемите борци во историјата на полутешката дивизија.

Во текот на својата кариера во УФЦ се бореше против многу познати борци како Гловер Тешеира, Александар Густафсон, Антонио Ногуеира, Андреј Арловски и многу други.

Имаше само 38 години, но медиумите пишуваат дека во последно време има бројни здравствени проблеми.

Еден од оние кои се простија од него е Кормиер кој на Твитер напиша:

„Почивај во мир брат мој. За момчето кое им влеа страв во срцата на многумина, Ентони Џонсон беше грижлива личност. Румбл ќе му недостига. Понекогаш животот едноставно не изгледа фер. Страшни вести“.

 

 

 

centar.mk