Зошто СДС не се огради од коалицискиот партнер кој исто како и Заев вели дека Бугарите биле ослободители, а не окупатори?
СДС и Ковачевски го имаат за коалициски партнер Љубчо Георгиевски кој тврди дека Бугарите го ослободиле Скопје. Ковачевски и Георгиевски се верна коалиција.
СДС и Ковачевски наместо да сеат магла треба да кажат дали ставот на Георгиевски е нивен став.
Ова е само еден во низата пробугарски ставови од СДС и Коалицијата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Прв беше Заев кој тврдеше дека македонскиот и бугарскиот народ и јазик се исти. Потоа уследија сите негаторски тврдења на Бугарската политика кон Македонија.
Во време на Заев и СДС почнаа негациите и блокадите, затоа што Заев имаше ставови кои ги изнесе во јавност, а беа потврди дури и од најтврдите бугарски шовинистички и негаторски ставови кон Македонија. Своевремено и Божидар Димитров кажа дека не верувал дека ќе доживее ставови на Македонски политичар како Заев.
СДС е најбугарската партија во Македонија. Коренот на сите проблеми да го бараат во Заев Ковачевски и нивните коалициони партнери како Георгиевски.
извор: ВМРО ДПМНЕ