Бектеши вели „Оваа недела ќе се знае кои производи поевтиниле во маркетите“

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека оваа недела ќе бидат направени анализи на цените во маркетите и јавноста ќе биде информирана за нивното намалување.

Одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на бизнис настанот SUBEX- Suppliers Balkan Expo, Бектеши уште еднаш напомена дека нема да се дозволи никаква злоупотреба на кризата врз грбот на граѓаните, инспекциските контроли се засилени, а веќе се, како што рече, и изречени неколку казни.

– Оваа недела ќе направиме анализа директно и физички во супермаркетите, а ќе известиме и за процентот на намалување на цените на производите и компаниите кои тоа го направиле. Државниот пазарен инспекторат веќе работи согласно новиот Закон за заштита на потрошувачите, интензивирани се контролите и вчера директорката кажа дека се изречени неколку казни, истакна Бектеши, додавајќи дека Министерството на дневна основа добива податоци за увозот на производите од Одлуката на Царинската управа.

фото: Архива